Повеќе од 1000 граѓани на Охрид го дале својот потпис за поддршка на иницијативата за одложување на рокот за жалба на Јохан Тарчуловски, кого меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија со седиште во Хаг, го осуди на затворска казна од 12 години.


Акцијата за собирање потписи за поддршка на одбраната на Тарчуловски започна пред два дена. Собраните потписи од целата држава ќе бидат доставени на одбраната на Тарчуловски која бара одложување на рокот за жалба на пресудата.

Ohridnews