Поради високите температури последниве денови се зголемува ризикот од избувнување пожари на отворени места.
    
Во пресрет на претстојниот продолжен викенд, заради чествувањето на празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, кога раздвиженоста на граѓаните во земјата е голема, Центарот за управување со кризи упатува препорака до граѓаните да внимаваат при посети во националните паркови и други пошумени или необраснати локации и притоа да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

Ohridnews