Ситуацијата со поплавите во Русија се уште е тешка, а министерот за вонредни ситуации Александар Куренков денеска пристигна во областа Оренбург, каде е најлошо и каде се поплавени повеќе од 10.000 куќи.

Нивото на водата во Оренбург во изминатите 24 часа порасна за 25 сантиметри, а во градот беа поплавени околу 2.000 куќи. Во градот Орск, каде што на 5 април пукна браната што го штити градот од реката Урал, нивото на реката паѓа втор ден по ред, соопшти прес-службата на началникот на регионот Оренбург.

Градоначалникот на Орск, Василиј Кожупица изјави дека во тој град се поплавени 6.929 згради, а евакуирани се 2.493 лица, пренесува Интерфакс. Нивото на водата во некои делови од Курганската област, која исто така е зафатена од поплави, од вчера порасна за 157 сантиметри, а властите најавија дека врвот на поплавниот бран ќе биде утре.

Според руското Министерство за вонредни состојби, на тоа подрачје се поплавени 10.327 станбени објекти и 12.821 приватна парцела.

Регионите на јужниот дел на Урал годинава се соочија со невидени поплави, а вонредна состојба беше воведена во регионите Оренбург, Курган и Тјумен. Рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди формирање на специјална владина комисија за справување со проблемите предизвикани од поплавите.

Руската метеоролошка агенција соопшти дека очекува поплавите во Оренбург и околните области утре да го достигнат врвот.

OhridNews

фото. ЕПА/МИА