Министерството за здравство и Здружението на приватни лекари денеска потпишаа согласност за зголемување на капитациониот бод за приватните лекари за пет денари, односно вкупно 50 денари. Одлуката стапува на сила овој месец.

Со одлуката за зголемување на капитациониот бод, според министерот за здравство Бујар Османи, матичните лекари би добивале од 10 до 15 илјади денари месечно повеќе.

Во врска со барањето на приватните лекари за воведување партиципација од 50 денари, министерот вели дека засега ова барање не може да се исполни.

„Јас го разбирам ова барање на лекарите и разбирам дека дел од пациентите го злоупотребуваат можностите и одат по пет-шест пати за мерење на крвен притисок, но сепак превентивните прегледи се столб на нашето здравство“, вели Османи.

OhridNews
извор: makfaks