Едно неодамна спроведено истражување во Франција покажало дека бројот не ергени се повеќе го надминува на оние кои одлучиле да се скрасат. Според медиумите, има се повеќе мажи кои се откажуваат од бракот, било да станува збор за свесна одлука или затоа што не ја пронашле својата “сродна душа“.

Дури секој десетти маж на 45 години никогаш не бил во врска. Оние кои сеуште уживаат во ергенскиот живот во тие години, најчесто остануваат сами засекогаш. Најмногу ергени, 30 проценти, има меѓу мажите кои никогаш не биле вработени. Следуваат работниците со 12 проценти, земјоделците со 11 проценти и интелектуалците со 7 проценти.