Капитенот Остоја Степановиќ е осмиот фудбалер, кој напушти го напушти Вардар по завршување на сезоната.

Претходно тоа го направија Предраг Ранѓеловиќ, Дејан Милиќ, Милан Илиевски, Дин Томески, Горан Симови, Горан Иванов и Педро Бонафичио.

Договорот им е истечен на стоперот Златко Таневски и „шпицот“ Борче Маневски, но тие ќе продолжат со Вардар иако немаат уште потпишано договори.

Степановиќ, кој по доаѓањето во Вардар од Казакстан стана репрезентативец минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во македонскиот шампионат.

Мх.П.