Нови 234 случаи на КОВИД-19 од 2907 направени тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Починати се 25 пациенти, најмладиот на 27 години. Оздравени се 786 лица.

Од новозаразените, 83 се во Скопје, во Куманово – 27, Битола – 16, Тетово – 14, Струмица – 13, Штип и Виница по девет нови случаи, Кичево – седум, Прилеп и Велес по шест, Гостивар, Струга и Кочани по пет, Охрид – 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар по тројца, Пробиштип, Богданци и Демир Капија по двајца, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево имаат по еден нов случај.

Од 25-те пријавени починати, 10 се од Скопје (46г,60г,64г,65г,67г, 67г, 70г,71г, 74г и 75г), по двајца од Тетово (70г и 72г), Штип (69г и 70г) и Гостивар (67г и 79г) и по едно починато лице од Куманово (64г), Прилеп (63г), Охрид (80г), Виница (27г), Струмица (78г), Кочани (56г), Кичево (62г), Струга (78г) и Свети Николе (57г). Од пријавените, четири лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.

Регистрирани се 786 оздравени пациенти од: Скопје – 348, Куманово – 61, Тетово – 47, Прилеп – 43, Битола – 38, Кавадарци – 37, Велес – 32, Неготино – 25, Гостивар – 20, Штип – 18, Струмица и Кичево – по 17, Гевгелија – 16, Охрид – 13, Кочани и Ресен по девет, Богданци – пет, Виница – четири, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево по тројца, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод по двајца оздравени, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица имаат по еден оздравен.

Во моментов во Охрид има 444 активни случаи, а во Струга 148.

OhridNews