Медицинските сестри – техничари и акушерки од Општата болница во Охрид деновиве формираа Здружение кое ќе се грижи за развојот, унапредување и афирмација на медицинскиот персонал.

Медицинските сестри се најголемата професионална група во здравството(70%). Иако тие имаат голем удел во вкупното болничко лекување, нивната дејност досега се засноваше на „вообичаени права и должности“ на медицинска сестра, како и  на лични проценки и неутврдени компетенции на одредени лекари, велат од Здружението на на медицински сестри-техничари и акушерки на Општата болница Охрид.


Медицинските сестри од Општата болница формираа Здружение

 Целта на формирање на Здружението е соодветно да се евидентира, забележи, оцени или критикува работата на медицинските сестри, како и подобрување на условите за развој и усовршување на  медицинскиот персонал. Со тоа ќе се придонесе за поквалитетни здравствени услуги и поголема грижа за болните што позитивно ќе се одрази на пошироката заедница, велат од  Здружение на медицински сестри-техничари и акушерки на Општата болница Охрид.

За претседател на Здружението избрана е Јулија Трпковска-медицинска сестра во очното одделение. Усвоени се и статутот и програмата за работа на здружението кое официјално ќе биде промоворина во петок на свеченост што ќе се одржи во х. „Ривиера“.

Здружението на медицински сестри-техничари и акушерки на Општата болница најави дека наскоро ќе покрене иницијатива за локално здружување на медицинските сестри од другите здравствени установи во Охрид. Здружени ќе го стимулираме развојот на здравството во општината и ќе се залагаме за подобрување на условите за работа во здравствените организации од што крајна корист ќе имаат и самите пациенти, велат од Здружение на медицински сестри-техничари и акушерки на Општата болница Охрид.

ohridnews