На неодмана завршената ревија на српски играни филмови, меѓу гостите беа и педестина членови на Македонско-српското друштво од Врање, кои се збратимија со Српско-македонското друштво „Коштана“ од Охрид. Збратимувањето беше направено на традиционален начин со кршење погача меѓу претседателите на друштвата Благоја Цивкароски и Зоран Цветковиќ.


Инаку ревијата привлече голем број љубители на филмот, како и високи гости меѓу кои беа режисерот Дарко Бајиќ, амбасадорот на Србија во Македонија Гордана Божиќ, градоначалниците на Врање и Охрид, Антевиќ и Петрески заменикот министер за култура на Македонија Недељковиќ, директорот на агенција на заедниците во Македонија Габриела Ракичевиќ, директорот на Охридско лето Тони Симоноски и други. Манифестацијата која беше збогатена со ревија на слики на Миро Масин и Гордана Ќовиќ, заврши со Српска вечер на која присуствуваа околу 200 гости.


 Се збратимија Македонско-српските друштва од Охрид и Врање