„Да се запознаеме со животните “  е насловот на книгата од Розе Костеска што ќе биде промовирана денеска во 17 часот во градинката „Јасна Ристеска“.

Ренцензент и промотор на последниот труд на Костеска ќе биде Милчо Јованоски.Овој настан го организираат Центарот за култура „Григор Прличев“ и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Авторката е вработена во градинката, а има завршено Педагошки факултет во Скопје.Со пишување се занимава од раните години во младоста.

Нејзината прва стихозбирка за деца е „Пркос“. Меѓи другото, во 2002 година Костеска ја издаде и монографијата за детската градинка во Охрид.

Ohridnews