Францускиот интернет портал, преку кого основците и средношколците нарачуваче домашни задачи по цена од 5 до 30 евра, објави дека се затвара, само неколку дена откако беше отворен.
Во краткото соопштение тимот на порталот се извинува и нуди повраток на парите во рок од 8 дена.
Порталот им нудел на учениците пишување на домашни задачи од 7 училишни предмети.
Задачите ги решавале наставници и ученици од повисоките класови и ги доставувале до нарачателите во рок од 24 до 72 часа, по цена од 5 евра за поедноставни задачи од 30 евра за подолги состави.
Отварањето на порталот го осудил францускиот министер за образование и здружението за наставници и родители.
„Најдобро место за учење и решавање на задачите е училиштето“ – рекол министерот.