По 86 години легендарниот њујоршки хотел „Waldorf Astoria“, еден од најреномираните во светот со прекрасно антре во стилот на арт-деко, и славни личности коишто можеа да се сретнат во лифтот од неговата „кула“, престанува да работи, jaвува „Макфакс“.

Од актерките Мерилин Монро до Грејс Клеи, од американските претседатели Херберт Хувер 1929/1933) до Барак Обама (2009/2017), преку сите челници минати и сегашни на планетата, коишто таму отседнуваа во текот на годишното Генерално собрание на Обединетите нации, ова здание коешто е отворено на 1-ви октомври 1931 година на Парк Авенија во срцето на Менхетен, има видено како во неговите луксузни апартмани и особено фалени тоалети во арт-деко стил до кваките на вратите, минува плејадата најславни и најмоќни личности на светот.

 

По 86 години, хотелот со повеќе од 1.400 соби и апартмани, во кој е и измислена 24-часовната услуга во соба, бил најголемиот на светот во времето кога е пуштен во употреба, всушност, хотелот се подготвува за огромно реновирање.

Кинеската осигурителна компанија „Anbang“, којашто го откупи од синџирот хотели „Hilton“ во 2014 година за 1,95 милијарди долари, започнува со големи работи на реновирањето од 1-ви март, коишто би требало според првичните процени да траат најмалку две години.

Засега за јавноста не е познат официјалниот план, но е познато дека голем дел од хотелот треба да биде преправен во супер луксузни апартмани, да биде поисплатлив, со низа продавници во приземјето, препуштајќи му на хотелскиот дел само мал простор од вкупната површина.

 

Хотелот „Waldorf Astoria“ од 1993 година е впишан на листата знаменитости на Њујорк, како што се „Empire State Building“ или мостот „Brooklyn“, така што фасадата не е доведена во опасност од нарушување. Меѓутоа, внатрешноста на зданието не е заштитено, па некои њујорчани се загрижени дека големата сала за танцување или влезниот мозаик засекогаш ќе исчезнат и покрај ветувањата на челниците на „Abnang“ дека ќе работат на реновирањето заедно со службите одговорни за зачувување на културното наследство.

OhridNews