Земјотрес со јачина од 4 степени според Европската макросеизмичка скала утрово во 2 часот и 28 минути регистрирале апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 145 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, во епицентралното подрачје Поградец.

Земјотресот силно беше почувствуван во регионот на Охрид, Струга и Битола со интензитет од 4 степени.

Ohridnews