Вчеравечер, околу 19 часот, лицето Р. Б. , родено 1986 година во Охрид, во сопствениот дом се здобило со повреда предизвикана од огнено оружје, поточно тешка телесна повреда,  влезна рана на долниот дел од главата.

Р. Б. веднаш по настанот бил итно пренесен на клиниката во Скопје, каде му е извршен оперативен зафат.

Според информациите од СВР- Охрид, се претпоставува дека станува збор за самоповредување, односно обид за самоубиство.

На местото на настанот увид извршиле екипа на СВР Охрид, истражен судија и заменик јавен обвинител.

OhridNews