Со преземените активности кои се одвиваат под стручен надзор на НУ Завод и Музеј Охрид, се врши поправка на кровната конструкција на црквата Св. Јован Канео во истоимената охридска населба.
Оштетени ќерамиди се заменети со нови, идентични со старите, специјално донесени од Грција. Покрај ова се врши и опшивање на оштетената лимарија на црквата, за да се спречи продирање на влага во внатрешноста и да се зачува вредниот фрескоживопис и прекрасниот обновен иконостас со исто така обновените икони.
Предвидени и се други зафати за заштита на познатиот духовен храм кој, што ќе зависат од проценките на стручните лица.
Средствата за заштита на црквата Св. Јован Канео ги обезбеди Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
OhridNews
Фото: А. Момироска