На регионалниот пат Охрид-Свети Наум, вчера, околу 22.30 часот, додека 33-годишен охриѓанец управувал патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење.
Возачот изгубил контрола над возилото кое излетало од патот, а при тоа се здобил со тешки телесни повреди (изгореници), по што е пренесен во Општа болница Охрид.
Извршен увид на местото на настанот.
OhridNews