Во пожар што избувнал попладнево во крајезерското село Љубаништа, изгореле викендичка и камп приколка. За среќа жртви нема, но предизвикана е голема материјална штета.

Интервенирала територијалната противпожарна единица од Охрид со две возила, која спречила ширење на пожарот на околните објекти.

На местото на настанот во тек е увид.

Претходно пожар избувна и во националниот парк Галичица, каде изгореа околу 2 хектари неискостеблеста шума и трева

OhridNews
Фото: Архива OhridNews