Инцидентот се случил попладнево помеѓу 17:30 и 18:30 часот. Од засега непознати причини глисер во кој имало повеќе лица се запалил во водите на Охридското Езеро во близина на Градиште, на околу стотина метри од брегот.
Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој истакна дека на местото на настанот веднаш се упатила екипа на Езерската полиција и пожарникари, но во меѓувреме пожарот бил изгаснат со помош на друг пловен објект, така што немало потреба од дополнителна интервенција.
Во инцидентот нема повредени лица, информира портпаролот Димоски.
Г.М.