Во пожар што синоќа околу 21 часот избил на хидроброд кој со години е закотвен во каналот Студенчишта полесно е повредено едно лице.



Очевидци околу 21 часот забележале како од хидробродот излегува густ чад по што веднаш ја алармирале професионалната противпожарна единица, која со навремена интервенција спречила поголема трагедија. Пожарникарите брзо го локализирале пожарот, и во последен миг успеале  да извлечат  едно постаро лице кое било во хидробродот. Лицето чиј идентитет не е познат за влакно ја избегнало смртта и речиси сигурно ќе се задушело од чадот доколку не била брзата интервенција на пожарната, полицијата и брзата помош која го пренела повредениот во болница.


Причините за пожарот засега не се познати, а истрагата треба да открие што ја предизвикало несреќата  која благодарение на присебноста на граѓаните, пожарникарите, полицијата и брзата помош заврши без човечки жртви.

OhridNews