Авион на компанијата „Сингапур ерлајнс“, на летот за Милано се запалил утрово, откако принудно слетал на сингапурскиот аеродром Чанги од каде и полетал. Локалните власти соопштија дека во инцидентот нема повредени.
Леталото на аеродромот се вратило по предупредувањето за ниското ниво на масло во моторот, а по слетувањето се запалил десниот мотор на авионот „Боинг 777-300ЕР“. Пожарникарските екипи за кратко време го изгаснале огнот, а никој од 222-те патници и 19-те членови на екипажот не е повреден во инцидентот.
„Патниците безбедно го напуштиле авионот и со автобус се превезени до аеродромската зграда. Тие подоцна ќе бидат префрлени во друг авион и подцна во текот на денот ќе полетаат за Милано“, соопшти авиокомпанијата.
OhridNews
извор Макфакс