До 31 Јануари 2022 година се замрзнуваат цените на оризот, јајцата и тестенините. Овие производи се додаваат на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 Декември 2021 година во трговијата на мало и големо.
Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението, информираше Министерот за економија Крешник Бектеши.
Со одлуката, исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.
Претходно, на 06.12.2021 година беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда.
OhridNews