Акцијата за преуредување на камените коцки од оштетените улици низ стариот дел на градот продолжува, информираат од Општина Охрид.
Во моментов се врши санација на камените коцки на пресекот од улиците „Димче Маленко“ и „Аргир Маринчев“. После завршување на овој дел, активностите продолжуваат на други улици во стариот дел од градот, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews