Невеста која се мажела на плажа во Куба, го оставила сопругот поради келнерот од свадбата. Андреа Мек МИлан (34) од Брајтон вели дека ја погодила Аморова стрела кога го здогледала Хозе Мигуел. Го оставила својот сопруг Карл Тејлор (30) откако се вратиле во Велика Британија после венчавката која чинела околу 10 000 евра. Се вратила во Хавана кај Хозе по неколку недели. Парот ќе се венча следниот месец покрај хотелот каде што била првата свадба и каде Андреа го запознала Хозе. Сега вели дека се двоумела ноќта пред свадбата.


-Заспав во солзи. Испив неколку коктели за да ја издржам свадбата. Дури и на Карл му реков дека не сакам да се венчаме, но тој ми рече дека тоа е само предбрачна трема. Ми беше единствено жал за пријателите кои штедеа за да бидат со нас. – изјавила Андреа.
Со Карл никогаш немало хемија. Очајниот Карл безуспешно се обидел да ја увери да остане со него, но таа го преколнувала да и даде развод. Хозе ја оставил својата сопруга и планира да и се придружи на Андреа кога визата ќе му биде готова.