Еден Австралијанец од Каирнс се залепил на штицата од тоалетната школка во трговски центар откако некој ставил лепило на неа. Посетителите на трговскиот центар го нашле човекот беспомошен и повикале брза помош.
Болничарите ја извадиле штицата од школката и го одвеле во болница каде му ја извадиле со помош на разредувач за лепило. Човекот поминал без повреди но бил многу засрамен. Градските власти го опишале настанот како болна шега.