Австралиските пожарникари дошле во 9 часот утрото да го спасат Кајли Ким кој никако не можел да влезе во својот стан од терасата. Дури откако ја испушил цигарата сфатил дека е заклучен на шестиот кат од станбената зграда во Дарвин.


Облечен само во сини гаќички и сива маица Ким почнал да паничи бидејќи морал да стигне на работа до седум часот. Започнал да им довикува на минувачите по патот бидејќи мобилниот му останал заклучен во станот. Конечно од соседната зграда излегла сосетката Рејчел. Ја замолил да повика помош. Откако стигнале полицијата и пожарникарите се насобрале и многу луѓе. Ким не можел да поверува што му се случило.