Постар маж умрел од глад и жед во Хонг Конг откако случајно се заклучил во просторија во трговски центар.


Засега неидентификуваниот маж најверојатно по грешка влегол во просторијата каде се наоѓаат пумпите за вода а вратата со автоматска брава се заклучила. Неговата смрт е откриена откако чуварот од просторијата осетил непријатна миризба.

Судејќи према белешките за одржување, просторијата во која старецот умрел не била отворана една недела, а бидејќи на телото старецот не биле пронајдени траги од насилство, се верува дека умрел од глад и жед.