Поради постоење основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и едно кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ Полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава  против лицето А.С. роден 1987 година од селото Ливада.

Пријавениот, на ден 17.07.2009 година, во 04 часот и 10 минути, во   угостителскиот објект „Два Елена“ започнал вербална расправија со присутен гостин по што го напуштил ресторанот. По кратко време, тој, со своето патничко моторно возило ,,Опел Аскона,, повторно се вратил во истиот угостителски објект каде влегол со автоматска пушка.  Пријавениот А.С. веднаш ја  продолжил расправијата со истиот гостин, заканувајки му се дека ке го убие но поради другитете  присутни во ресторанот,  тоа ке го направел во друга прилика.

Набрзо по неговото заминување од угостителскиот објект, А.С. е пронајден и  приведен во Полициска станица, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews