Како што информираат од МВР, вчера околу 18,00 часот во Струга кај месноста викана „Радолишка краста“, во каменоломот сопственост на В.М. од с.Радолишта, лицето А. Д.(42) од с.Радолишта, почнал да се заканува дека ќе го запали каменоломот, со се работниците. Потоа почнал да фрла со камења при што оштетил три возила, поради што работниците се исплашиле, побегнале и се сокриле во барака во близина на камоноломот.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга. Со А.Д. извршен е разговор, а причина за таквото негово однесување било тоа што неможел да го трпи работењето на каменоломот.