Западна Украина е погодена од сериозна епидемија на досегага непознат грип,. Според лекарите станува збор за некаков вид на вирусно воспаление на белите дробови. За разлика од мексиканскиот, смтноста кај украинскиот грип значително е подраматична и досега од него починале преку 70 луѓе.

Лекарите им советуваат на граѓаните во регионот на Тернопил, кој е најпогоден од новиот грип, да останат во своите домови и превентивно да користат лекови. Украинските медиуми пренесуваат дека на улиците на градот Лвива можат да се видат граѓани со заштитни маски, а училиштата и градинките се затворени. Градското собрание ќе одржи вонредна седница за да донесе одлука околу мерките за борба против епидемијата.

Новата епидемија внесе паника во Украина. Според тамошните власти состојбата е многу сериозна. До сега 262 пациенти се примени во болница, а 16 се во критична состојба. Во руралните средини умираат деца, а само во регионот Тернопил до сега умреле 70 лица, соопшти официјален Киев.

Ohridnews