Во првиот квартал од годинава стапката на пораст на Бруто-домашниот производ изнесува минус 0,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика

Според методологијата на ММФ, доколку и во следниот квартал забележиме негативен пораст, тогаш повторно ни се заканува опасност од рецесија. Во првите пет месеци од годинава намалено е и индустриското производство за 7,5 проценти, во однос на истиот период лани. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции во првото тримесечје од годинава, во однос на истиот период од 2009 година, номинално расте за 2,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79,7 проценти.

Во ова тримесечје пораст покажуваат секторите земјоделство, лов, шумарство и рибарство, јавна управа и одбрана, задолжителната социјална заштита, образованието, здравството и социјалната работа.

OhridNews