Со желба да се смири со сопругот една американка се врзала со лисици за него додека тој спиел, а кога се разбудил физички го нападнала, соопшти полицијата од Конектикат.

Полицијата наведува дека 37-годишната Хелен Сан изјавила оти сакала да разговара и да се смири со својот сопруг Роберт Дроб, и дека и било важно тој да не го прекине разговорот и да замине. Поради тоа ја сменила бравата од нивната спална соба и со лисици се врзала за него додека тој спиел.


Кога се разбудил не сакал да разговара поради што таа почнала да го гризе. Несреќниот сопруг повикал полиција од својот мобилен телефон. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот во градот Ферфилд, ги слушнала болните извици на сопругот. Нему потоа му била укажана медицинска помош во болница, а сопругата била обвинета за физички напад.