Еден неименуван човек отишол во секс шоп во местото Оринџ во Конектикат и почнал да ја разгледува робата, а потоа сакал да испроба и едни лисици. Чепкал околу механизмот за затворање, и успеал да се врзе самиот себе, и уште и да ги расипе лисиците. Продавачите смеејќи се се обиделе да го ослободат, но бидејќи не успеале морале да повикаат помош.
На местото на настанот пристигнале најпрво пожарникарите, а потоа и полицијата, па ги пресекле лисиците и го ослободиле засрамениот човек. Претставник на полицијата изјавил дека лисиците личеле на оние кои ги користи полицијата, но ниту еден од клучевите не одговарал.