Една Британка се вратила на своето работно место само седум часа по породувањето. На свет го донела своето трето дете, а на работа дошла со детето во раце. Таа е директорка на едно угледно училиште за девојчиња во грофовијата Вилшир во Англија. Сметала дека и било должност веднаш да се врати на работа. Се породила рано утрото, а на работното место била веќе за време на ручекот со девојчето во рацете.
Вели дека е среќна што била во можност да се врати на работа така брзо и додала дека девојчињата во училиштето биле воодушевени од присуството на бебето. Оваа амбициозна жена живее во службен стан во непосредна близина на училиштето, што и овозможува да биде и добра мајка и добра директорка истовремено.