Една мајка која го кремирала телото на својот син, се шокирала кога се појавил жив неколку дена подоцна.
Џина Партингтон минатиот месец го пријавила исчезнувањето на својот 37-годишен син Томас Денисон, а три дена подоцна едно тело е пронајдено во Рашолм, недалеку од Манчестер. Мајката го идентификувала како телото на нејзиниот син и тоа било кремирано на 30 октомври.
Меѓутоа , тоа што жената не го знаела е дека четири дена претходно полицијата го пронашла Денисон кој како скитник живеел во Нотингем. Случајот е предаден на полициската комисија која треба да утврди зошто на Џина Партингтон не и била соопштена веста за пронаоѓањето на синот, пред да се изврши кремацијата.
Ј.М.