Тајванскиот рибар Ху Венху(58) го шокирал своето семејство кога по 27 години ненадејно се вратил дома. Тој тргнал на рибарење со рибарски брод во Индискиот океан во далечната1981 година. Капетанот на големиот рибарски брод по долгото патување решил да застане на островот Реунион за го одмори екипажот.
– На островот дојдовме после три месеци на отворено море и капетанот ни рече дека испловуваме за 15 дена. Кога се вратив по 15 дена, бродот веќе испловил, заедно со моите 30 колеги. Немав што друго да правам освен да просам по улици.-раскажува Ху.
Со помош на жителите од островот, Ху во школо научил француски кој е службен јазик на островот, отворил кинески ресторан и се женел дури три пати.
-Првите два брака пропаднаа поради мојот сомнителен идентитет. Страшно ми недостигаше мајка ми во почетокот. Кога мојата нова сопруга остана трудна, морав да се вратам на Тајван за да ги обновам документите-објаснува Ху во семејната куќа на Тајван. По враќањето рибарот дознал дека мајка му починала пред 21 година, но сепак го радува фактот што судот ја поништил објавата за неговата смрт. Додал дека сега планира да се врати на островот и да побара државјанство.
ohrdnews