Американската полиција од Њу Џерси уапсила еден крадец обвинет за кражба откако се вратил во куќата да и се извини на жртвата што се обидел да ја ограби. Крег Флечер(35) заѕвонил на вратата, му се извинал на сопственикот за кражбата и побегнал.


Сопственикот повикал полиција која набргу го уапсила. Претходно полицијата не успеала да го фати додека бегал со три лаптопа во ранец. Флечер е обвинет и за уште една кражба во соседството.