Новата сезона во ракометната Супер лига неможеше ни да посака подобар почеток, откако градското дерби во Битола меѓу Пелистер и Работник се одигра во преполната сала Младост.
Победата им припадна на ракометарите во „зелено бели“ дресови со 24-21, но новиот член во Супер лигата, Работник воопшто не потфрли и храбро му парираше на својот „постар брат“ во градското дерби.
Човек на одлука беше поранешниот голман на Охрид, Кирил Колев кој со своите одбрани се погрижи и аза атмосферата на трибините. Солидна престава имаше и Иван Тасески кој во целост си ги искористи своите пет минути во дебито за Пелистер.
Натпреварот во спортската сала Младост наговести возбудлива сезона во елитата и враќање на ракометната магија во Битола по подолго време.
Михаил Постоловски