Новоформираниот Градски фудбалски клуб Охрид ќе ја враќа магијата на фудбалот во Охрид, која пред три години експресно исчезна од градот.

Охриѓани одново ќе имаат можност да гледаат фудбал макар било тоа и од најнизок ранг бидејќи години наназад се радуваат на успеси на клубови од други градови.

Клубот формиран од неодамна ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига, а мечевите од шампионатот ќе ги игра на стадионот „Атина Бојаџи“.

– Почнуваме без помпезност и било какви најави. Целта ни е да оформиме стабилен клуб на здрави нозе, а потоа ќе ги презентираме нашите цели. – коментираат од клубот кој се уште се наоѓа во административни процедури.

Играчите во клубот се исклучиво од Охрид и потекнуваат од охридскиот фудбалски школи. Сите се искусни и подготвени за макотрпна работа на тренинзите и беспрекорна борба на терените.

 Мх.П.