На спринт турнирот во холандскиот град Ајндховен по пауза од подолго време Димитар Камнаровски настапи здрав без никакви проблеми со повреди.


Камнаровски се натпреваруваше во четири дисциплини (делфин, грбно, краул и пеперутка) и забележа позитивни резултатот, а на турнирот настапија 680 пливачи од 20 различни холандски клубови. 

Педесеметарската делница делфин ја мина за 30.44 секунди, грбно ја преплива за 29.67 секунди, краул 26.40 секунди и пеперутка 33.80 секунди.

Неодамна тој беше во посета на Охрид и Македонија и по направените детални лекарски прегледи може целосно да се фокусра на пливањето, нешто што не беше случај минатата година.

OhridNews