По пауза од неколку години Општина Охрид повторно ќе избира Спортист на годината.

Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2021 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид. – стои во соопштението.

Покрај вообичаените, воведени се и неколку нови награди. Една од нив е изборот на спортист/ка – странец и спортист/ка кој настапува надвор од Охрид.

Наградите и признанијата за Спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, Спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид и Спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби, се доделуваат на жители на Охрид за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки и спортисти кои настапуваат за спортски клубови на територијата на општина Охрид и надвор од неа.

За прв пат ќе биде доделено и признание за Спортска легенда – за посебни заслуги во спортот на лице родено во Охрид за промоција, развој и постигнати резултати во областа на спортот.

Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чиешто седиште е во Охрид, како и физички лица. Конкурсот трае до 21.01.2022 година до 13.00 часот

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

OhridNews