Со Лигата на Европа продолжи прекинатата сезона во евро-куповите, а денеска ќе продолжи со мечевите од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. На програмата се реванш натпреварите во кои екипите ќе бркаат пласман во топ 8. Први на мегдан на рестартот од сезоната ќе излеат Јувентус – Лион односно Манчестер Сити – Реал Мадрид.

„Старата дама“ нема право на грешка и мора да победи со два голови разлика за пласман во четвртфиналето. Лион, пак, ќе мора да бара начин да ја задржи минималната предност (1-0) од првиот натпревар и да го елиминира големиот фаворит.

Дербито се игра на „Етихад“. Манчестер Сити ќе се сретне со Реал Мадрид. Англичаните имаат супер резултат од првиот натпревар во Шпанија кога победија со 2-1. „Кралевите“ ќе фрлат се на една карта, но „граѓаните“ сигурно ќе направат се што е потребно за капитализирање на победата од првито натпревар.

Натпреварите се играат во 21 часот.

OhridNews