По пауза од еден месец се враќа фудбалската Лига на шампиони. Во една недела ќе се одиграат седмото и осмото коло од групната фаза, а денеска и утре се закажани по девет натпревари.

Денешната програма во терминот од 18:45 часот ја отвораат Аталанта и Штурм Грац во Бергамо, односно Монако и Астон Вила. Дерби на колото е средбата помеѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кои одлучуваат за директен пласман во осминафиналето, додека Барселона ја очекува тешко гостување кај Бенфика. Од сеседството, српскиот шампион Црвена звезда го пречекува холандски ПСВ, додека Динамо Загреб утре му гостува на  Арсенал во Лондон.

Лига шампиони од 18:45 ч.
Аталанта – Штурм
Монако – Астон Вила

Лига шампиони од 21 ч.
Атлетико – Баер
Бенфика – Барселона
Болоња – Борусија Дортмунд
Клуб Бриж – Јувентус
Црвена звезда Белград – ПСВ
Ливерпул – Лил
Слован – Штутгарт

На тавбелата води Ливерпул со максимални 18 бода, Барселона има 15, Арсенал 13, Леверкузен 13, Астон Вила 13, Интер 13, Брест 13, Лил 13… Динамо Загреб со 8 бода е на 24 место, последно кое води во разигрувањето.

Г.М.