Денеска, во периодот од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена е засилена сообраќајна контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, информира СВР Охрид.

Евидентиран е вкупно 91 прекршок, од кои 32 од возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 59 во населено место. – соопшти СВР Охрид.

OhridNews