Двајца млади московјани допатувале до Санкт Петерсбург на покривот на воз кој се движел со брзина од 240 километри на час. Шефот на обезбедувањето на железничката станица кажал како момчињата објасниле деке одлучиле да се возат на покривот на возот како би почувствувале прилив на адреналин, не мислејќи на последиците. Додал дека момчињата ниту паднале, ниту се повредиле ниту смрзнале.

Хулиганите минале на возот, кој се движел со брзина од 200 до 240 километри на час најмалку три часа и 45 минути. За овој престап предвидена е казна од 100 рубљи, односно 2,2 евра. Ова не бил прв ваков случај. Оваа пролет сообраќајната полиција привела тројца тинејџери кои на покрив на воз сакале да стигнат во градот Владимир, 200 километри источно од Москва.