Ќе биде воведена кризна состојба на дел од територијата на државата, изјави на прес конференција денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека кризна состојба ќе биде воведена во општините Дебар и Центар Жупа, каде има најголем број заразени од вирусот Covid 19.

Филипче објави дека денеска се регистрирани 4 нови случаи на корона вирус, сите од Дебар, што било причина за прогласување на кризна состојба во овој дел од државата. Дополнително изолиран е и еден патник, македонски државјанин, кој со авион пристигнал од Германија на скопскиот аеродром со покачена температура, истакна министерот за здравство.

Што се однесува до заболените, една  жена е во тешка здравствена состојба и се следи интензивно од лекарите.

Попладне ќе биде разработен оперативен план и ќе се донесат мерки како ќе функционира животот во општините каде ќе биде воведена кризна состојба, истакна Филипче.

Г.М.

Во живо: Прес конференција на министрите Филипче и Манчевски