Пол Тарнер и Вики Титер се запознале преку интернет играта “Final Fantasy” па нивните виртуални ликови започнале често да се дружат. Дружењето прераснало во романса, а денес се среќни во брак. Тие се втор пар во Велика Британија кој се запознал преку онлајн игрите. Играта ја играле 18 месеци, а истата овозможувала да се разговара па подобро се запознале.


Вики рекла дека била шокирана што се заљубила во виртуелен лик, но не можела да си помогне. Кога се запознале живеела со друго момче, но сепак му испратила порака на Пол. Му ги признала своите чувства. Тој исто така имал долга врска, но по допишувањето со Вики и предложил да се состанат. Сфатиле дека се родени еден за друг па одлучиле да се венчаат.