Актерите Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис се вериле, пренеле медиумите. Пртпаролот на актерката потврдил дека парот се верил, но не сакал да изнесува други детали. Ова ќе биде втор брак за обајцата. Вајлд се развела од авторот на документарни филмови Тао Руспили во 2011 по осум години брак, додека Џејсон Судеикис претходно бил оеженет со сценарстката Кеј Кенон од која се развел во 2010.
Валјд внимание привлекла со улогата во популарната телевизиска серија „Доктор Хаус“ а играла и во повеќе познати филмови. Џејсон Судеикис публиката го познава по улогите во комедиите „Седум дена слобода“ и „Како да се справите со шефот“.