Ирина Шајк се појавила со огромен дијамантски прстен на доделувањето на наградата “Golden Boot”, која му била доделена на нејзиното момче Роналдо во Мадрид. Во своето препознатливо заводливо издание, моделот Ирина Шајк овој пат не привлекувала внимание само со својот изглед, туку и со сјајниот прстен на левата рака. Наводно, прстенот вредел околу 100 илјади фунти.
Парот не ги коментирал наводите за евентуалната венчавка, но тоа го сториле нивните пријатели. Близок пријател на парот рекол дека Кристијано и Ирина многу разговарале за брак. Сакал да направи нешто посебно и романтично, па за денот на вљубените отпатувал во Њујорк и ја изненадил Ирина. Ја запросил и таа се согласила. Изворот додал дека мајката на Роналдо сакала да се венчаат во куќата на фудбалерот во родната Мадеира.