Момчето на Хали Бери, францускиот актер Оливије Мартинез, потврдил дека тој и холивудската актерка се вериле. Тој на отворањето на еден ресторан во Мајами минатиот викенд на новинарите им изјавил дека тој и актерката се верени.
Бери го запознала францускиот актер додека го снимала филмот „Dark Tide“, а својата врска ја објавиле во 2010 година. Прстенот која Хали го добила од Оливије е дизајн на Робер Мекло, а актерот изјавил дека Мекло е голем уметник чие семејство со векови дизајнирало накит за кралевите и кралиците.