Актерскиот пар Џастин Тимберлејк и Џесика Бел, кои се во врска од 2007 година, се вериле во едно одморалиште во Монтана, пренел порталот “Starpulse”. Парот кој оваа година имал кратка пауза во врската, по се изгледа наскоро истата ќе ја официјализира, доколку наводите на порталот “Starpulse” се вистинити.
Еден пост на Твитер од непозната личност гласел „Џастин на запросил Џесика во одморалиштето Амангана“. Очевидци за порталот рекле дека се било многу романтично и дека Џастин клекнал кога ја прашал дали сака да се омажи за него. Парот моментално е на скијање во Амангана, луксузно одморалиште во Монтана, а нивниот портпарол не се огласил по повод овие шпекулации.